ЗА НАС

Клучна цел на нашата компанија е да обезбедиме здрав и природен начин на хранење на пчелите во текот на целата година, во различни климатски и сезонски услови.

Приказната за Feedbee во Македонија започнува во 2012 година, кога Таќо Гроздани, основачот на компанијата, одлучи да го тестира врвниот производ на Feedbee Canada на своите пчелни семејства. Благодарение на неговата упорност и поддршката од локалните пчелари, кои беа отворени за ваков вид на иновации, овој експеримент покажа успешни резултати.
Во следните години, Feedbee Македонија се фокусира на развивање на уникатни формули за пчелна храна и нa проширување на бизнисот на повисоко ниво. Веќе во јуни 2016 година, Feedbee Macedonia, под името Фидби Комерц  ДООЕЛ Охрид, е регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија како:

    1. Оператор за увоз на храна за пчели Feedbee
    2. Оператор за производство на храна за пчели

    Со тоа, Feedbee Македонија стана главен застапник на брендот Feedbee на македонскиот пазар. Денес, нашите производи се незаменлив дел од исхраната на пчелите за голем број пчелари во Македонија и пошироко.

    Нашето мото, “Квалитет и само Квалитет”, го отсликува нашето посветување кон постигнување врвни резултати во пчеларството, потпирајќи се на нашите производи за зајакнување на пчелните семејства и зголемување на пчелните производи, во партнерство со пчеларите.

    Сертификати